Радио Милева

Јана Бурче за првпат го покажа лиценцето на неколкумесечниот син Дарин (фото)

Јана Бурче за првпат го покажа лиценцето на неколкумесечниот син Дарин (фото)
фото: инстаграм/јанабурче

Младата пејачка и ТВ водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, Јана Бурческа кон крајот на месец јули стана мајка по вторпат и на свет го донесе синот Дарин.

Веруваме дека домот на пејачката е исполнет со љубов, позитивна енергија со нејзините две деца, а и дека мама Јана ги бележи првите бебешки мимики на својот наследник.

Таа не е од оние корисници која премногу е активна на социјалните мрежи, па ретко знае да се сподели приватни моменти. Меѓутоа, одвреме – навреме знае да направи исклучок, па сепак своите следбеници да ги почести со некоја фотографија од нејзините деца.

Така беше и овој пат кога Бурче во кусите приказни на Инстаграм, сподели видео од Дарин и го покажа неговото лиценцето.

Додека го снима, Бурче во позадина му пее на синчето велејќи дека е сладок и дека на неа личи бидејќи таа го родила.

Потсетуваме, Јана и нејзиниот сопруг Александар веќе ја имаат ќерката Дона која наполни  три години.

фото: инстаграм/јанабурче

Останати вести од Радио Милева