Радио Милева

Јана Бурче ја објави првата фотографија со синот (фото)

Јана Бурче ја објави првата фотографија со синот (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм

Младата пејачка и ТВ водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, Јана Бурческа кон крајот на месец јули стана мајка по вторпат.

Јана на свет донесе здраво момче за кое го одбра името Дарин.

Веруваме дека во домот на водителката владее вистинска детска атмосфера и дека Јана секој момент го користи да ужива во првите мигови со синчето, но и со останатите членови на семејството.

Нешто повеќе по еден месец од породувањето, Бурче ја објави првата фотографија со Дарин.

Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“, водителката објави фотка како синчето и спие во прегратки.

фото: принтскрин/инстаграм

Потсетуваме, Јана и нејзиниот сопруг Александар веќе ја имаат ќерката Дона која наскоро ќе наполни три години.

Останати вести од Радио Милева