Радио Милева

Јана Бурче е во 9-от месец од бременоста, а еве како ќе се вика братчето на Дона

Јана Бурче е во 9-от месец од бременоста, а еве како ќе се вика братчето на Дона
фото:јана бурче/инстаграм/принтскрин

Младата пејачка и ТВ водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, Јана Бурческа, наскоро ќе стана мејка по вторпат.

Пред речиси три години во месец октомври Јана за првпат се реализираше во најубавата улога за една жена и ја доби ќеркичката Дона, а сега повторно ја чека неописливото чувство да го држи и своето второ чедо во рацете.

фото:јана бурче/инстаграм/принтскрин

Таа неодамна откри дека полот на бебето е машко, а сега во интервју за „Женски магазин“, Јана сподели дека е во деветиот месец и јули е последниот од третото тримесечје на бременоста.

Бебето само што не пристигнало, а пејачката открива дека повторно ќе избере модерно име за наследникот.

фото:јана бурче/инстаграм/принтскрин

Првата буква сигурно ќе биде Д, а засега дома дискутираат тоа да биде Дарин.

За потсетување, пред три години на Евровизија во Киев, сега сопругот на Јана, Александар ја побара пред евровизиската публика за жена.

Останати вести од Радио Милева