Радио Милева

Јагиз Егемен од „Ќерките на Фазилет“ откри какви жени го привлекуваат приватно и што мисли за бракот

Јагиз Егемен од „Ќерките на Фазилет“ откри какви жени го привлекуваат приватно и што мисли за бракот
фото:инсатграм

Турскиот актер Чаглар Ертугрул во интервју за магазинот „Hurriyet“ во кое зборува за своите ставови кои се однесуваат на жените, бракот, социјалните медиуми.. на прашањето дали е предност во неговата професија да се биде убав и згоден тој вели:

-Никогаш не сум се претставувал на таков начин во оваа работа. Поради тоа не би знаел да дадам одговор на ова прашање.

Каква треба да биде жената за да ве привлече?

-Мора да биде културна и нежна. Мора да биде социјално освестена. Сметам дека паметните девојки кои цврсто стојат на земја се многу привлечни.

Што велите за бракот и љубовта?

-Секогаш сум за љубов и почитување.

Дали сте љубоморен тип, не само во љубовта туку и генерално?

Не сум повеќе толку љубоморен како што бев кога одев на училиште и додека студирав. Сега прифаќам се како што е, немам снага да менувам никого и да се мешам во нечија работа.

Каков е вашиот однос кон социјалните мрежи?

-Да е до мене, би ги избришал сите профили на социјалните мрежи. Меѓутоа нашата работа бара да бидеме изложени на јавноста. Понекогаш несакано објавувам по некое „селфи“, но сметам дека луѓето кои секојдневно го прават тоа, се нарциси и ми се одбивни, завршува актерот.

фото:инстаграм/Чаглар Ертугрул