Радио Милева
скриена привлечност

Ја знаат по добриот глас и прекрасните стихови, но… Ена збогувајќи се со летото покажа и колку е секси! (ФОТО)

Ја знаат по добриот глас и прекрасните стихови, но… Ена збогувајќи се со летото покажа и колку е секси! (ФОТО)

Таа важи за една од оние македонски пејачки која не се експонира премногу во јавностра иако ги има сите услови и предиспозиции за тоа. Дури и многу повеќе од повеќето други. Одличен вокал, талент, невидена дарба за пишување стихови, свое студио и родениот брат за композитор, аранжер, продуцент… Човекот кој важи за најголемиот хитмејкер во Македонија последниве 6-7 години – Лазар Цветковски!

Магдалена Ена Цветковска по безброј напишани стихови за други изведувачи неодамна се врати на сцената како пејачка со новата песна „Ко да нема утре“.  Кадрите во видеото само најавија нешто што потајно лежи во неа освен талентот и неспорната природна убавина: скриениот сексапил на пејачката!

Имено, Ена од малечка слатка тинејџерка додека беше во женската вокална група „Форплеј“, израсна во згодна и убава девојка. Над се мегаталентирана и атрактивна, која во себе крие сексапил кој  никогаш не сакала претерано да го форсира и покажува.

Но, по се’ изгледа дека дојде време и за тоа, зашто, како што “музиката се’ повеќе се гледа со очи, отколку што се слуша со уши“, ако сакаш баш да те има на естрадата, мора да играш и да се однесуваш по зададените правила  кои го трасираат патот до успехот… Кој пак никогаш не е загарантиран!

Расоблечена на грчките плажи, дали во едноделен костим за капење или во бикини, Ена покажа колку е згодна и секси. Покрај ликот, телесните атрибути на пејачката овој пат дојдоа до израз, а од нив во прв план она што се главни адути: згодното тело и и убавите долги нозе.

И се разбира по некоја наместена поза за фотографија за спомен и збогум на топлото лето.

А патем, и за промоција на социјалните мрежи, од кои верните обожаватели црпат инспирација, а медиумите материјали… на општо задоволство на сите!

 

Останати вести од Радио Милева