Радио Милева
дојде на ред...

Ја запозна, се вљуби, ја венча, му роди син и сега конечно… Борко се жени! (ФОТО)

Ја запозна, се вљуби, ја венча, му роди син и сега конечно… Борко се жени! (ФОТО)

Семејната сага за македонскиот репрезентативен  ракометен голман Борко Ристовски добива ново поглавје… Завршно, барем кога се брачните прашања и неговата убава избраничка во предвид. Имено, македонскиот ракометен „министер за одбрана“ конечно… ќе се жени! Уште тоа му остана од официјалните брачни обврски, зашто се друго направи… Добро не баш се’, ама главното да: Ја запозна, се вљуби, ја венча, му роди син и сега конечно… Борко се жени!

Местото на семејната веселба е елитниот скопски хотел среде плоштадот Македонија, а датумот 5-ти јануари 2019-та. Борко и убавата кумановка Николина Нина Ристовска беа  во врска околу 2 години, по што на почетокот на годинава по враќањето на Борко од Европското првенство во ракомет во Хрватска се венчаа, кога Нина веќе беше во поодмината фаза на својата бременост!

Само некој месец подоцна, на свет дојде нивното прво чедо – синчето Душан, кое го доби името по починатиот татко на Борко! И ако венчавката малиот Душан можеше „да ја следи“ само од стомакот на мама Нина, на свадбата ќе биде главен… На иста маса со младоженецот и невестата!

Во меѓувреме Нина, иако млада мајка, како што е редот направи и забава за другарките. Незаборавна „моминска вечер“ во станот во Сопиште, на која се собраа се’ сами убавици… Чиниш избор за мис на Македонија е во прашање.

Иако идната невеста блескаше во сиот свој сјај, и беше ѕвезда на вечерта, сепак нејзината помлада сестра уште еднаш покажа дека убавината кај кумановки е од ендемска природа! Во случајов и семејна!

Инаку Борко и Нина свадбата ја одолговлекуваа заради бројните обврски на македонскиот чувар на мрежата, запоради неговите селења од Барселона во Лисабон и репррезентативните обврски, кои и сега „му дишат во врат“, зашто Светското првенство е на прагот и започнува на 11 јануари. Тоа ќе биде и причина на свадбата да ги нема  „странците“ како гости, зашто сите имаат обврски пред првенството.

Невестата ќе носи венчаница од една позната македонска модна креаторка, додека Борко ќе биде облечен во костум од исто така еден популарен македонски бренд, а малиот Милош? Па зарам може да бидеш главен фраер до невестата, а да не си во одело?! Се разбира, како тато, така ќе биде променет и тој!

За забавата се најавени неколку музики: од женскиот квартет „Фрајле“, преку Ѓоко Танески, па се’ до Наум Петрески…

Епа…„Оди ѕвездо“ на својата веселба, а потоа донеси ни медал! Или барем ракометен успех, што ќе не израдува… Нека е со среќа! И свадбата и првенството!