Радио Милева

Ја шокираше јавноста: Била во врска со 46 години помладиот од неа татко на светски познатите модели – сестрите Хадид!?

Ја шокираше јавноста: Била во врска со 46 години помладиот од неа татко на светски познатите модели – сестрите Хадид!?

Полјакињата Џастина Монд (24) тврди дека тоа е романса со палестински бизнисмен Мохамед Хадид (70) и додека тој веќе бил верен со Шива Сафаи (36), кој сега се’ уште е неговата свршеница.

Џастина тврдеше дека нејзиниот однос со Мохамед траел од 2014 до 2017 година, а Хадид уште во 2013 год. беше верен за многу помладата дизајнерка Шива.

Како што рекла Полјакињата, тие си разменувале секси пораки и фотографии, а додека била со со бизнисменот, тој никогаш не ја споменувал Шива.

“Бевме во хотелот и уживавме. Одговараша само на повиците на неговата свршеница. Таа сака да  држи се’ под контрола. Му се јавуваше по неколку пати“ – изјавила Џастина која со Мохамед се запознале на Бали, а подоцна се гледале во Лос Анџелес, Франкфурт и Дизелдорф.

Она што е бизарно, е фактот што многумина Полјакињата физички ја споредуваат со Џиџи Хадид (23), ќерката на палестинскиот милионер, која ја доби од бракот со поранешната манекенка Јоланда Хадид, со кого ја има и ќерката Бела, која е една година помала од Џиџи).

Фото: Профимедиа и Инстаграм принтскрин