Радио Милева

Ја прекина тишината: Еве што кажа Лејди Гага за раскинувањето на свршувачката со Кристијан Карин

Ја прекина тишината: Еве што кажа Лејди Гага за раскинувањето на свршувачката со Кристијан Карин

Пејачката и актерка Лејди Гага пред речиси четири месеци ја раскина свршувачката со музичкиот агент Кристијан Карин, а за причината не проговори. Се нагодуваше дека таа се заљубила во колегата од филмот „А star is born“, Бредли Купер, а гласините се појавија по нивниот емотивен настап на „Оскар“.

Гага демантираше дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство, а својот поранешен свршеник не го спомена во медиумите. Сепак, сега реши да ја прекине тишината за таа тема на концерт во лас Вегас.

Оскаровката ја најави емотивната балада „Someone to watch me over“, велејќи:

-Кога последен пат ја пеев оваа песна, имав прстен на раката. Овој пат чувството ќе биде поразлично“, кажа Лејди Гага, а со тоа откривајќи ја својата емотивна состојба и љубовен статус.

фото:гуливер/гети/инсатграм