Радио Милева

Ја прашаа Милена Антовска дали би имала се*с на хауба или во двор – oва е нејзиниот одговор (видео)

Ја прашаа Милена Антовска дали би имала се*с на хауба или во двор – oва е нејзиниот одговор (видео)
фото: фејсбук

Водителката на емисијата „Сподели проблем со Милена“, Милена Антовска пред две години стави потпис во матично и заплива во брачните води со Гордан Станковски.

Парот потоа ја доби ќерката Лана Марија која отогаш е центарот на нивното внимание.

По породувањето, Антовска се повлече од ТВ екраните на одредено време, па повторно се врати со нови проекти.

Деновиве, Антовска не беше таа која прави интервју, туку таа даде интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде што одговараше на интересни прашања.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

Имено, на прашањето дали имала желба да се омажи со тогашното момче, денешниот сопруг, Милена вели:

„Па, искрено ќе ви кажам, не, не сум имала некои такви желби. Сум имала некои други претензии и амбиции“ вели Антовска.

На прашањето дали планира да остане цел живот со Гордан вели:

„Искрено не верувам, затоа што мислам дека тогаш целосно ќе се изгуби довербата“ вели Антовска.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

Меѓутоа, ова не се вистинските прашања и одговори на водителката.

На прашањето дали би имала секс на хауба или двор, Анотвска вели:

„И едното и другото. Вака како ги опиша баш убаво, различно е доживувањето, сигурно. Различни емоции ќе се предизвкаат на едното место, сосема на другото место. Не знам, не можам да се одлучам“ вели водителката.

Имено, во рубриката „Сечено, лепено, монтирано“ на емисијата „Бекстејџ“ за да биде поинтересно на одреди одговори се монтираат други прашања, а потоа се покажуваат вистинските одговори и прашања.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

Имено, на одговорот дали сакала да се омажи со сопругот, вистинското прашање всушност гласи: Дали Милена имала амбиции да се омажи за градоначалник, на што таа потенцираше дека немала такви желби и амбиции.

„Никогаш не сум се гледала во политиката, ниту пак да бидам сопруга на градоначалник, ниту пак да бидам првата дама“ вели водителката.

На одговор дека не верува дека ќе остане со сопругот, висинското прашње е дали верува во љубов после неверство:

„Искрено, не верувам. Мислам дека не би можела тоа да го простам, за што сметам дека тогаш целесно ќе се изгуби довербта и тогаш некој ќе се труди да ја врати. Кога еднаш нешто ќе се скрши, тогаш многу тешко е да се залепи, а кога ќе се залепи стои на стаклени нозе“ вели Антовска.

На одговорт каде што Антовска зборува за сексот на хауба или двор, вистинското прашање е дали повеќе би сакала да го посети Дубаи или Малдивите, а Милена одговори дека не би можела да се одлyчи бидејќи на двете егзотични дестинации ќе има различно доживување.

Милена исто така истакна дека кога некогаш би правила промени кај себе тоа би било промени на градите и на устата.

Целиот прилог може да го погледнете во видеото подолу.