Радио Милева

Ја опишаа дека се однесува како да нема пари: Постапката на Кејт Мидлтон изненади многумина

Ја опишаа дека се однесува како да нема пари:  Постапката на Кејт Мидлтон изненади многумина

Можеби е во брак со идниот британски крал, но кога е во прашање родителството, Кејт Мидлтон не се разликува од друготе мајки. Така таа неодамна се сретна со мал проблем, кој на крајот лесно го реши, но ги изненади присутните во продавницата.

Имено, по летните празници , дојде време принцот Џорџ да се врати на училиште, а принцезата Шартлот во градинка.

Со оглед дека стапалото во текот на летото им нарасна, војвотката од Кембриџ се упати со нив да купи обувки. Но, заборавила на фактот дека децата носат сандали.

Според изјавите на очевидците, Кејт побарала од вработените да им позајмат чорапи, за да може да пробаат. Она што многумина им „падна во око“ е дека не ги купила, туку ги познајмила, па коментираа дека се однесувала како да нема пари.

Но сепак според повеќето нејзиниот потег бил сосема нормален како и на секоја друга жена без да ја нагласува својата титуила, туку само онаа – мајчинската.

Останати вести од Радио Милева