Радио Милева

Ја обвинија Весна Змијанац дека должи многу пари, а таа откри која е вистината

Ја обвинија Весна Змијанац дека должи многу пари, а таа откри која е вистината

Пејачката Весна Змијанац во последно време не се појавува на јавни места, туку ужива во улогата на баба.

Кога и да дава изјава за медиумите пејачката не ја крие радоста за внуката Реа, па така и беше сега кога даде интервју за „Премиера“.

„Мојата Реа е како за шест луѓе. Жива е, немирна е, бргу расте, паметна е, Преслатка е, баба многу ја сака“ вели пејачката.

Последните неколку дена се појавија шпекулации дека пејачката должи многу пари, па дека и поради тоа ја изгубила својата фирма.

Змијанац откри која е вистината.

„Јас никогаш не сум имала фирма, не знам за што се работи. Немав потреба од фирма, така да сигурно мислеле за други работи. Ова е единствена вистина, никогаш не сум имала фирма, многу што се пишува нема врска со мене и не следим“ вели  Весна.