Радио Милева

Ја нарекоа македонската Афродита: Анета Наковска бујна и расцутена во домашна фотосесија (фото)

Ја нарекоа македонската Афродита: Анета Наковска бујна и расцутена во домашна фотосесија (фото)
фото:анета наковска/фејсбук

Пејачката Анета Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога се овде, најмногу уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти.

Карантинските денови ги поминуваат во Македонија, а како и сите Анета на својот Фејсбук прфоил откри дека си дала предизвик да ја одржува линијата со физичката активност и правилна исхрана.

фото:анета наковска/фејсбук

Задоволна од резултатите, пејачка се реши да направи фотосесија во домашната градина.

фото:анета наковска/фејсбук

Облечена во црвен фустан со длабоко деколте, Анета ја нагласи својата сензуалност, провокативност и женственост, а пријателите во коментари ја нарекоа македонската Афродита.

фото:анета наковска/фејсбук

-Карантински денови, се зареков вежбање и диета и до некаде мислам успеав и вчера си добив инспирација од вечната убавица, ружата и најдрагоценото нешто сонцето, па направив некоја фотка како малку разонода, ги опиша Анета фотографиите, а комплиментите се редеа еден под друг за расцутената македонска божица.

Останати вести од Радио Милева