Радио Милева

Ја издаде пред ТВ екраните: Тијана Дапчевиќ откри непознати детали за Тамара!

Ја издаде пред ТВ екраните: Тијана Дапчевиќ откри непознати детали за Тамара!

Покрај тоа што Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска важат за едни од најдобрите вокали на музичката сцена, тие се и поврзани сестри кои секој момент го користат да бидат заедно.

Иако, Тијана живее подолго време во Белград, ја корсити  секоја прилика да дојде во Македонија. А сега тоа е почесто, бидејќи Дапчевиќ има телевизиски активности и е уредник и водител на една емисија на македонска телевизија.

Во својата емисија „Вечер со Тијана“ угости неколку познати пејчаки од регионот, но гостинка беше и нејзината сестра Тамара Тодевска.

Во последното издание на ова шоу водителката откри детали од детството и откри нејзината сестра секогаш била немирна.

„Јас сакав да  си купам фармерки и кога го замолив татко ми да ми даде пари ми рече дека нема. Тогаш јас отидов во едно кафуле и работев на шанк, за да заработам пари да си купам фаремрки. По неколку дена, драги гледачи, дојде Тамара и го замоли татко ми и купи ролерки од 9000 денари. Тато прво рече дека нема пари, но подоцна,  Тамара почна да плаче се додека не го убеди татко ми да и купи ролерки“, раскажува Тијана.

Пејачката исто така истакна дека кога Тамара била тинајџерка си ја скршила ногата, влетала со мотор во илзог на една продавница, но за среќа се завршило со полесни повреди.

Како и  да е, двете пејачки велат дека иако се 10 години разлика, таа разлика не се чувствува меѓу нив, па се подржуваат во што и да треба.

фото:принтскрин/јутуб