Радио Милева

Ја „избркаа“ од „Ѕвездите на Гранд“ и им порача дека нема да се врати: Ивона Јовановиќ повторно во Гранд, но со друга цел

Ја „избркаа“ од „Ѕвездите на Гранд“ и им порача дека нема да се врати: Ивона Јовановиќ повторно во Гранд, но со друга цел
фото: принтскрин/инстаграм/ивонајовановиќ

Деновиве започнаа снимањата на четирнаесетата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што многу кандидати ќе се борат да дојдат до финале и да се претстават во јавноста на најдобар можен начин.

Директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ најави дека оваа година има 1/3 нови кандидати и 1/3 стари кандидати кои веќе учествувале.

По аудицијата во Скопје која се одржа на почетокот на летото тој истакна дека од Македонија оваа година ќе има 50 нови кандидати.

Меѓутоа, освен новите и непознати македонски претставници, на сцената во „Гранд“ се враќаат и оние учесници кои беа претходните години.

Кумановката Ивона Јовановиќ во ова музичко шоу учествуваше во претпоследната сезона кога пред речиси самиот крај испадна од музичкото шоу, а таа тогаш најави дека нема да се врати.

фото: Принтскрин/инстаграм/ивонајовановиќ

-Ви благодрам за подршката која ми ја подаривте од септември до сега. Ова не е пораз, ова е лекција. Мојот изглед Гранд никогаш не го прифати, па затоа мојот вокал никогаш нема да се продава таму. Сите кои имате предрасуди за мојот изглед и дебелината ве молам напуштете го профилот. И никогаш повеќе не се враќајте тука! Една огромна благодарност до тимот кој ми помогна во најтешките моменти, напиша тогаш Ивона на Инстаграм.

По ова нејзино испаѓање, нејзините следебеници неколку пати по ред ја прашаа дали можеби повторно ќе се врати во музичкото шоу, а таа откри дека нема да се врати во „Гранд“.

Изгледа, Јовановиќ се предомислила и ги прекрши правилата, па деновиве ги спакува куферите и замина во Белград во студиото на Кошутњак.

Меѓутоа, Ивона овој пат не се појави како кандидатка туку како поддршка на својот пријател Марио Ангелов, а со кого снима и видеа на „Јутуб“.

Таа на социјалните мрежи фотографија од пред „Гранд“.

фото: Принтскрин/инстаграм/ивонајовановиќ

Марио поминал во следниот круг, а ментор ќе му биде Јелена Карлеуша.

Драги мои, задоволство ми е да ви соопштам дека успешно поминав во вториот круг од најгледаното регионално музичко шоу – #ZvezdeGranda. А, уште поголемо задоволство и чест ми е да ви соопштам дека @karleusastar е мојот ментор.
Пресреќен сум…

фото: прингскрин/инстаграм/мариоангеловски

Како овој Македонец ќе се престави во музичкото шоу и какви совети и критики ќе добие од Карлеуша останува да видиме.

Meѓутоа, дали и Ивона повторно ќе се натпреварува во музичкото шоу не знаееме, останува да видиме во некоја од следните емисии.

Исто така, во новата сезона ќе се натпреварува и Елена Миленковска која во „Гранд“ се појави со нејзиниот свршеник, Гуте Маринковиќ.

фото: Принтскрин/инстаграм/гутемаринковиќ

Иако претходната сезона ментор  беше Ана Бекута, оваа година Елена е во групата кај Ѓорѓе Давид.

фото: принтскрин/инстаграм/ѕвездегранда2019

Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започнува следната сабота на Канал 5 телевизија.