Радио Милева
Честитки!

Изненадување за јавноста: Симона Поповска стана мајка (фото)

Изненадување за јавноста: Симона Поповска стана мајка (фото)
фото:симона поповска/инстаграм/ andrejbgjorgjievski MUA

Познатата македонска пејачка и докторка Симона Поповска вчеравечер со објавата на својот Инстаграм профил ја изненади јавноста и своите следбенци – таа станала мајка на машко бебенце.

Изминатиот период Симона објавуваше фотографии само од нејзината работа во делот на естетските корекции, но речиси воопшто ја ненаше со некоја лична фотографија или пак појавување пред камери.

Симона во тој период била во блажена состојба, а за бременоста не сакала да се знае јавно и во медиумите. Не видовме ниту една фотографија со трудничко стомаче, а не се појавија ниту гласини, така што доашањето на бебето беше изненадување.

Но, кога осамнаа честитките на нејзиниот профил, веќе стана јасно дека Симона и сопругот Крис станале родители за првпат.

За потсетување, во 2016 година Симона Поповска доби свршенички прстен на патување во Италија од својот сакан Крис Поповски. Следната година во месец август се случи и свршувачката која младите ја прославија во кругот на најблиските на брегот на Охридското езеро, а една година подоцна ја направија и свадбата во еден струшки хотел, повторно лоциран на брегот од езерото.
Честитки, да е здрав и жив наследникот!

Останати вести од Радио Милева