Радио Милева

Изнајмија вила, лимузина, палатија скапа декорација и музичар: Вака изгледаше моминската вечер на снаата на Цеца (видео)

Изнајмија вила, лимузина, палатија скапа декорација и музичар: Вака изгледаше моминската вечер на снаата на Цеца (видео)
фото:принтксрин/инстаграм

Идната снаа на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ, вчера во друштво на пријателките, сестра си и золвата Анастасија Ражнатовиќ ја славеше моминската вечер.

Десетината девојки на чело со невестата, во попладневните часови се смесија во луксузна лимузина, пуштија гласна музика, отворија шампањ и се упатија кон вилата која ја изнајмија во Белград.

Како и повеќето девојки кои слават моминска со смислена тематика во однос на облеката, така и тие се одлучиле сите да носат свилени баде-мантили, додека невестата носеше розов, а на главата, бел невестински вел.

фото:принтксрин/инстаграм

Иако бремена, Богдана не се штедеше максимално да се забавува, а откако стигнаа во вилата која имаше посебна декорација, забавата допрва се развиваше.

Во изнајмената вила ги пречека еден музичар кој свиреше на клавијатури, а откако алкохолот ги опушти почнаа да пеат на микрофот.

фото:принтксрин/инстаграм

Анастасија не ја пропушти оваа прилика за да запее некои од хитовите на мама Цеца.

Мобилните им беа постојано вклучени на снимање, а Анастасија редовно објавуваше нова снимка за пред сите да покаже како минува оваа важна вечер во животот на снаата Ражнатовиќ.

Останати вести од Радио Милева