Радио Милева

„Изгледа парталосано во тие фармерки“: Сергеј Варошлија „распали“ по стајлингот на Сара Мејс (видео)

„Изгледа парталосано во тие фармерки“: Сергеј Варошлија „распали“ по стајлингот на Сара Мејс (видео)

Познато ни е дека во емисијата „Мода“ со Сергеј Варошлија на мета на коментирање се наоѓаат не само улични минувачи, корисници на социјални мрежи, туку и наши македонски јавни личности.

Така, по Лила Филиповска, Тамара Тодевска, Елена Ристеска и многу други се најде и македонската пејачка Сара Мејс која неодамна се оствари во улогата на мајка и на свет ја донесе ќерката Илина.

Така, набрзо по породувањето Сара се врати на вообичаените активности, па неодамна беше на снимање на емисијата „Живот со стил“ со Елена Стефановска.

Од снимањето тие направија една задничка фотографија која се најде во емисијата на Варошлија кој упати жестоки критики за стајлингот на Сара.

„Погледнете ја како изгледа Сара Мејс, драги гледачи. Распарчосано во тие фармерки, парталосано. Скинетите фармерки се ин, но не вака. Погледнете и ја блузата со тие контурирани гради на маицата, апликација која имитира дека е гола. Тоа изгледа многу невкусно. Дали има на главата врзано марама, со пунџа на главата. Катастрофа“ вели водителот.

Од друга страна, тој ја искоментира и водителката Елена Стефановска која  е домаќинка на емисијата каде што гостинка беше Мејс.

„А што е со “Елена, живот без стил“. Дали Елена на главата има гнездо. Дали „Елена,живот без стил“ има плетена кошница за Велигден, Божиќ. Дали „Елена, живот без стил“ има погача – плетенка. И притоа сама си објавила фотографијата на која изгледа како да има распадната кошница од 19ти век. Елена минимализирај го сопствениот изглед“ изјави Варошлија.

Меѓутоа, ова не е првпат како Сергеј ја коментира познатата водителка. Кој е следен што ќе се најде на модни кртики или пофалби кај Варошлија останува да видиме.

Неговите коментари погледнете ги на видеото подолу на 13: 15.

foto: Prinstscreen/youtube

Останати вести од Радио Милева