Радио Милева

Избегнале несреќа: Авионот на Меган Маркл и принцот Хари присилно слетал

Избегнале несреќа: Авионот на Меган Маркл и принцот Хари присилно слетал

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари избегнале несреќа при слетувањето на авионот „Boing 737“ на аеродромот во Сиднеј.

Имено, Меган и Хари  биле на турнеја во Австралија, а авионот во кој се наоѓале Маркл и принцот Хари се враќал од Тонго кон Австралија доживеал вистинска драма. Само неколку секунди пред авионот  да слета на аеродромот во Сиднеј, „Boing 737“ повторно полетал и избегнал вистинска катастрофа.

Како што пренесуваат, пилотот сам одлучил да го прекине слетувањето и да направи уште еден круг на аеродромот, а се поради друг авион кој се движел низ пистата, но никако да полета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle & Prince Harry (@meghanharrydaily) on

„Имаше уште еден авион на пистата, но беше многу бавен и не можевме да слетаме. Да не го прекинев слетувањето, ќе се најдовме премногу блиску“ изјави пилтот.