Радио Милева
самата на себе си е модел

Ива Спасовска – креативна, згодна и сексапилна : Младата модна креаторка ги истакна своите облини во сопствените латекс бикини (ФОТО)

Ива Спасовска – креативна, згодна и сексапилна : Младата модна креаторка ги истакна своите облини во сопствените латекс бикини (ФОТО)

Ива Спасовска е една од оние девојки за кои важи:  колку  креативна, толку убава, згодна и сексапилна. Имено, младата модна креаторка во услови на корона пандемија, додека траеше ситуацијата со карантинот и изолацијата, вредно работеше и искреира неколку нови колекции, овој пат на костими за капење.

Една од нив, ја презентираше уште на самиот старт на летото, кога на почеток на месец јуни избра колекцијата бикини да и ја промовира  најатрактивната и најсексапилна фитнес инструкторка, а воедно и македонска велнес фитнес шампионка, Кристина Неделковска.

Но тука Ива не застана, па и самата доволно атрактивана, одлучи она што досега не го покажала, самата да го презентира, на убавиот сончев ден, облечена во сопствените „Bloody Red Lateks“ во полниот базен.

А во нив креативната Ива, делува нескротлива и дива, толку заводливо и секси, што на многу од професионалните манекенки и модели,  ќе им „набие комплекси“. Секако, со овие нејзини разголени рекламни фотографии на кои креаторката ги распослала сите свои телесни убавини, па изгледа како лице од насловницата на модните магазини!

Црвената боја ионака самата по себе асоцира на љубов и страт, а кога се женските костими за капење во прашање, уште повеќе го истакнува сиот сексапил и раскошниот телесен профил на онаа која го носи, во случајов самата креаторка.

Патем, латексот како материјал асоцира на еротски фетиш, што возбудата ја прави уште поголема, особено кога ќе ги погледнете овие летни фотографии на згодната креаторка, која споила практично, убаво и корисно.  Страсна асоцијација во сопствената бикини креација.

Штета што фотографката која ги направила фотографиите во различни пози на Ива, не направила и еден „фотошутинг“ на самата на себе во костимот на  нејзината пријателка, згодната модна креаторка.

Според она што се знае и може да се види и Катарина Павловска, русокосата убавица зад фотообјективот ништо помалку немаше да ви го одзеде здивот (с)облечена во „крваво црвениите латекс“  бикини на креативната Ива.

Останати вести од Радио Милева