Радио Милева

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки чека дете со 25 годишна девојка (фото)

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки чека дете со 25 годишна девојка (фото)
фото:џанлука вакли/инсатграм

Многумина го знаат како згодниот милионерот од Италија кој многу добро танцува, постојано е во женско друштво, а без оглед на годините, помладите девојки го обожаваат, но и неговите милиони.

Џанлука на својот профил на Инсатграм изненади со веста дека наскоро ќе стане татко со својата избраничка, 25 годишната Шерон Фонсека.

“Кога размислував за потенцијалната мајка на својот син, таа жена секогаш ги имаше карактеристиките на Шерон. Среќен сум што можам да ви кажам дека Шерон и јас чекаме бебе, а таа ќе биде точно таква мајка каква што секогаш сум сакал за своето дете”, рекол тој во видеото кое го објавил на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on

Овој милионер ја заработил титулата “најсекси дедо на светот” на Инстаграм, а на оваа социјална мрежа го следат 15 милиони луѓе. Според “Daily Mail”, неговото богатство се проценува на околу 300 милиони долари.

Со Шерон е во врска од 2017-та година, а од претходната врска ја има ќерката Џинерва Мавила, родена во 2002-ра година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on

Овој милионер на телото има голем број на тетоважи, а дури и на грбот се истетовирал самиот себе. Во главно се фотографира во шорцеви за капење или кратки панталони на јахти, покрај базен и слично.

Пред две години Ваки се нашол во проблеми бидејќи банката му ги запленила јахтите и недвижнините, како и акциите во голф-клубот поради долг од 10,5 милиони евра.

Ваки тој долг го нарекол “мал и неважен”.

Неговото семејство е сопственик на фармацевтска компанија, а тој го наследил богатството. Често настапува и како ди-џеј. Со семејниот бизнис почнал да се занимава на 25 години, откако завршил економски факултет. Заедно со својот роднина, реконструирал една стара семејна компанија и целосно го сменил нејзиното работење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on

Џанлука во една прилика во разговор со “Business Insider” рекол дека неговиот живот се дели на два дела – првиот, кој траел до неговите 45 години и кој го нарекува “работен живот”, и овој сега.
“На 45 години сфатив дека немам повеќе што да дадам. Не ме интересира да собирам пари, сакав само да ги поместам границите на својата љубопитност”, рекол тој.

Останати вести од Радио Милева