Радио Милева

Италијанската новинарка проговори по шпекулациите дека му е љубовница на Златан Ибрахимовиќ

Италијанската новинарка проговори по шпекулациите дека му е љубовница на Златан Ибрахимовиќ
фото:принтскрин/инсатграм

Спортската новинарка која што машката популација ја сака најмногу, Дилета Леота, јасно проговори за гласините кои што ги доживеа со 38-годишниот Златан Ибрахимовиќ.

Дилета претходно се појави во една реклама заедно со ѕвездата на Милан, па набрзо почнале да се шират гласини дека постои нешто помеѓу нив, но таа тогаш била во врска со италијанскиот боксер, а Златан одамна е во брак.

Во интервју за еден италијански магазин, Леота конечно ја разјаснила ситуацијата:

„Да бидеш со зафатен маж е неприфатливо за моите принципи, покрај целиот избор за светот мораш да имаш свест да не се доведеш до погрешни ситуации“ – изјавила Леота меѓу другото.

„Сега сум слободна. Отсекогаш сум била верна, морам само да соберам храброст и простор за длабинско запознавање на себе и носење на важни избори во животот“.

Дилета исто така го искоментирала и крајот на својата врска со боксерот Даниел Скардини:

„Не негирам ништо, меѓу нас постоеше длабока љубов“.

Потоа таа исто така коментира и за тешкиот период кој што го поминала во текот на почетоците на спортското новинарство, кога се појавила на малите екрани, коментирајќи ги најголемите натпревари во Италија и интервјуирајќи ги најголемите спортски ѕвезди, а меѓу нив и Кристијано Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

🤫

A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on

„На почеток не беше лесно, колегата ми рече „те донесоа тука поради градите“, но поради таа причина сигурно не го напуштив „Sky“. Одлучив да одам во „DAZN“ затоа што тоа беше предизвик и затоа што сметав дека пазарот на сателитската телевизија почна да се менува“ – заклучила таа.

Останати вести од Радио Милева