Радио Милева

Исповед на вдовицата на пејачот Луис: „По три години од неговата смрт, јас ја тргнав четката за заби“

Исповед на вдовицата на пејачот Луис: „По три години од неговата смрт, јас ја тргнав четката за заби“
фото: дамир дервишагиќ

Неутешната Силвана, невенчаната сопруга на пејачот Љубиша Стојановиќ Луис по смртта на својата најголема љубов морала сама да се снаоѓа со своите мали деца.

За Силвана вистинските маки започнале после една година од смртта на Луис.

„Јас се ежам кога треба да се вратим таму. Ние живеевме еден нормален живот, немавме никакви скандали, некој ќе кажеше дека живееме иделен живот. Кај жената секогаш има момент кога  сака нешто да промени кај својот маж, но кога почнува да го менува, почнува да го губи. Јас него го прифатив таков каков што е. Тоа се некои глупи работи“ вели и додава:

„Сега кога слушам некоја тажна приказна за момче или девојка сметам дека тоа е неважно, колку е важно да е тој тука до тебе, да е покрај твоите деца, децата да имаат татко, да имаш поддршка. По неговото заминување, дури после третата година од смртта јас го тргнав неговиот пешкир, четка за заби бидејќи мојата пријателка ми кажа дека тоа поминува во патологија. Јас не бев подговена за тоа. Мислев дека кога ќе го тргнам неговиот пешкир тој нема да се  врати. Мене тоа ми беше некој вид на поддршка. Кога требаше некаде да одам, нешто да решам јас ќе го земев неговиот парфем, ќе ставам, да го почувствувам кога и да се свртам бидејќи ќе знам дека е тука и ќе го надминам тоа. Мене до тој момент ми беше сламка за која се држев“ вели сопругата на пејачот.

фото: дамир дервишагиќ

Меѓутоа, во 2013 година наидува на финасиски проблем.

„Тоа беше во октомври 2013 година кога останав без никакви примања, немав ништо. Имав три деца, долгови, кредит, автобмоил на лизинг. Четири месеци при крајот на 2012 година возев нерегистриран автомобил Тоа беше еден период кога се освестив, за тоа ми требаше многу време и сфатив дека сум социјален случај“ вели Силвана.

фото: Марина лопичиќ

„Знаеш ли колку е тешко? Мене ми праќаа моите родители, кумата, ако сретнам некој познат тој ми даваше пари за децата. Сега можам да кажам дека преживеав, дека сум во плус. Од државата барав детески додаток и ми доделија детски додаток од 9 900 динари, а јас не знаев дали со тие пари можам да живеам три дена. Плаќав само она што требаше, банката ме бараше“ вели сопругата на Луис.

„Јас така живеав до 2015 година. Тогаш градот даде субвенции за градински, тогаш се случи преокрет кај мене. Сега сум некој кој има приватна градинка, некој кој има над 100 запишани деца во градинка, потполно сум задоволна со тоа што го работам. Цел живот сакав да се занимав со деца бидејќи тие имаат преубава енергија“ вели Силвиа.