Радио Милева

Исповед на Сања Кужет по смртта на нејзиниот татко: „Никој не те прашува како си, стиснеш заби и работиш“

Исповед на Сања Кужет по смртта на нејзиниот татко: „Никој не те прашува како си, стиснеш заби и работиш“
фото: Принтскрин/инстаграм

По долгата борба со болеста, пред некој ден почина таткото на Сања Кужет, а таа откри дека се труди да работи и да не покаже колку и е тешко.

„Секој нормален човек поминува низ тешки и убави моменти, тагата е составен дел од животот и нема човек кој не почувствувал тага, но нема потреба да се преживува јавно“ вели Сања и додава:

фото: принтскрин/инстаграм/сањакужет

„Луѓето најчесто се подготвени да слушаат кога ќе се случат убави работи, а да молчат кога им е тешко. Така, кога не им се јавував на новинарите кога излегов пресреќна од породилиште, ниту пред камерите ги славев родендените на децата, така и не сакам некој да ми ги фотографира солзите“ вели водителката.

фото: принтскрин/инстаграм/сањакужет

„Тешко е пред камерите да се дестанцирате од чувствата, но знаете дека не можете на друг начин. Ова професија е како и секоја друга, никој не ве прашува како сте, туку стиснете заби и работите“ вели Сања.

Лошите вести за смртта на нејзиниот татко, Сања ги добила за време на снимањата на „Ѕвездите на Гранд“.

Останати вести од Радио Милева