Радио Милева
скржавец или добротвор?

Исповед на куќната помошничка на Брена: Еве како се однесувала фолк ѕвездата кон неа (ФОТО)

Исповед на куќната помошничка на Брена: Еве како се однесувала фолк ѕвездата кон неа (ФОТО)

Револтирана од приказните дека Лепа Брена е скржава, поранешната куќна помошничка на балканската фолк дива одлучи да ги појасни  деталите за долгогодишниот престој  во куќата на пејачката на Бежаниска Коса во Белград.

“Верувајте ми, Брена е извонредна жена. Таа се однесуваше кон моето семејство исто како и кон нејзиното”, ја започнуваа приказната за жената за српски „Скандал“.

“Секогаш кога ќе завршев со работата и тргнував да си отидам дома, таа ми даваше храна, овошје, сокови, слатки … Таа никогаш не ме пушташе да си одам дома со празни раце, а тоа нема никаква врска со платата. За гардеробата и да не говорам. Купуваше палта за мене и за моите ќерки и ни даваше облека за сите прилики”, изјави поранешната домашна помошничка на Лепа Брена.

“Благодарение на неа, моите деца завршија факултети” – заклучи таа, додавајќи дека ќе продолжела да работи кај Брена да не ја стигнале годините и возраста.