Радио Милева
Да одбие - не смее, да одолее - не може...

Ирена Спасовска покажа три работи: Како ги „товари“, а како ги топи килограмите и со кого го пие најслаткото кафе (ФОТО)

Ирена Спасовска покажа три работи: Како ги „товари“, а како ги топи килограмите и со кого го пие најслаткото кафе (ФОТО)

Македонската фолкерка Ирена Спасовска навистина доживува трета младост. Откако (барем официјално) остана слободна и без обврски во љубовта, тргна да го живее животот „од почеток“.

Настапите, снимањата, гостувањата по медиумите останаа нејзина вообичаена професионална обврска, но останатото време русокосата пејачка реши да си го посвети – себе си!

Но, некои навики што одат рака под рака со професијата, стекнати од пеењето по кафеаните и рестораните каде со години се „вади лебот“ тешко се одвикнуваат. Впрочем фолкерката покажа како тоа изгледа кога газдите ќе ти принесат полна маса задоволство. Да одбиеш  не смееш – ќе трпи работата,  да одолееш – не можеш, да не трпи душата!  А пуста душа, рани ја да те слуша, за да можат потоа да те слушаат и другите како пееш!

Арно ама, таквата навика му штети на здравјето, на убавината и конечно на професијата, зашто од пејачката се бара не само да има добар глас, туку и манекенски стас. А  кога имаш тело-вретено и во љубовта желбите ти се исполнуваат и повеќе од што е ветено.

Зато Ирена, откако решеи да сврти нов лист во животот, реши да ги промени и навиките: Навечер на пеење во кафеана, преку ден на вежбање во теретана.

Малку вежби за раце, малку за нозе, со мали тегчиња, бицепс, трицепс… За гради вежби до душа и не треба – дала мајка природа… И за некое време еве ја фолкерката како нова.

Стопена во струк, преполовена во тежина, со што дополнително и доаѓа до израз она со што природата најмногу ја надарила. Затоа сега Ирена може слободно да се соблече пред фотообјективот без страв дека ќе покаже вишок… Освен, она што се подразбира, ама тоа ниту се топи ниту се намалува… Може само да и зацврснат!

Меѓу вежбањето и работата, останува време и за релаксација и опуштање. Особено ако е во друштво на најсаканата личност, со кафенце и муабет… Ама не е тоа што некој веднаш ќе помисли. Не е во прашање ТОЈ туку ТАА… Ирена Спасовска во друштво на  нејзината ќерка Тамара со која, какако што самата вели, и е најслатко пиењето кафенце.

 

Особено ако барменот те бендисува, па кафенцето ти го подготвил така што додека си мета на љубопитните погледи и другите со  „очи те пијат“, ти можеш „да се испијеш“ самата себе си.

А и не мораш да превртиш шолја за некој да ти гледа… Зашто можеш и сама да се видиш во неа!

 

Останати вести од Радио Милева