Радио Милева
ова не си ти

Индира, бившата пејачка на „Колонија“ повеќе не личи на себе: „Премногу ботокс драга“ (ФОТО)

Индира, бившата пејачка на „Колонија“ повеќе не личи на себе: „Премногу ботокс драга“ (ФОТО)

Сите со задоволство ѓускавме на големите хитови на “Колониј“, но Индира одлучи во 2017 година да го напушти бендот и да започне соло кариера. По 20 години дружење, атрактивната русокоса рече дека се заситила од рутината и дека и требало да ја развие својата уметничка креативност на поинаков начин.

Сепак, Индира не престанува да биде интересна и на сцената е исто толку експлозивна. Таа е исто така омилена, бидејќи е секогаш поинаква, единствена, а урбаниот стил и кратката коса со децении беа заштитниот знак на оваа 45-годишна пејачка.

Секси Хрватката неодамна се пофали со фотографија со која ја најави работата на новите песни, но окото на нејзините следбеници им запна за  нешто друго: беа шокирани од различна слика на Индира од она што ја познаваат.

Без разлика дали е во прашање светлото, некакви фотошоп филтери или нешто сосема трето,  очигледно е дека Индира не изгледа исто како и пред неколку години. Делува некако неприродно затегната во лицето, бидејќи пејачката нема никакви брчки.

“Изгледаш чудно”, “Ти си некако непрепознатлива”, “Хм, ова не си ти”, “Премногу ботокс, драга”… се редеа  коментарите на фановите, еден по еден.
Хрватските медиуми дури и контактирале со експерти кои потврдија дека “замрзнатото” лице на Индира веројатно е резултат на прекумерна количина на ботокс.

Останати вести од Радио Милева