Радио Милева

Имаш глас од милион долари: Oва македонско девојче е новиот победник во музичкото шоу?

Имаш глас од милион долари: Oва македонско девојче е новиот победник во музичкото шоу?

Во секоја емисија на регионалото музичко шоу „Неки нови клинци“ имаме прилика да гледаме различни кандидати кои имаат прилика да го покажат својот талент, а меѓу нив и деца од Македонија.

Во најновото издание на регионалното музичко шоу „Неки нови клинци“ настапуваше и  дванасет годишната Драгана Костова од Струмица.

Таа се претстави со песни од „Није љубав то“ од Марија Шерифовиќ и „Срце није камен“  од Тоше Проески.

Драгана доби пофалби и позитивни коментари од членови на жирито.

„Јас буквално не дишев додека пееше. Драгана ти имаш глас од милион долари. Секоја ти чест. Нека го запаметат твоето име, ќе бидеш голема пејачка„ изјави Мирза Селимовиќ.

Биљана Сеќивановиќ истакна дека Драгана сигурно ќе оди во финале бидејќи не смее да се заборави таков глас и талент.

„Драгана секогаш е одлична. Ти пуцаш од енергија, имаш сила и израз на енергија. Ти си секогаш добра, изјави Ивана Селаков.

Костова повторно пееше во баражот и се пласира во финалето. Дали таа ќе биде победник останува да видиме.

За потсетување, претходната година во ова музичко шоу победи македонската кандидатка Благица Ѕунѕуровска.