Радио Милева

Има се, може се: Еве на што Саша Поповиќ потроши милион евра

Има се, може се: Еве на што Саша Поповиќ потроши милион евра

Саша Поповиќ вредно работи, но и вредно ги троши своите пари.

Имено, пејачот стана сопственик на луксузна јахта која вреди милион евра, пренесуваат српските медиуми.

Директорот на „Гранд“ пред две недели стана сопственик на јахта со која оваа година ќе крстари по Јадранот.

Јахтата се наоѓа во Опатија каде што Поповиќ има стан и таму го поминува својот годишен одмор.

„Јахта е долга 18 метри, стара е околу три години и ја има потребната опрема. Мнногу е луксузна и не е чудно што чини милион евра. Поповиќ не праша за цената, се јави и кажа дека ја сака таа јахта, а кога му ја кажаа цената, само рече: „Во ред е, ја купувам“. Следната недела треба да пристигне во Опатија каде ќе биде паркирана, а Сале од крајот на месецот ќе почне да ја користи бидејќи треба да провери уште неколку технички работи“ вели извор за „Курир“.

Поповиќ не треба само да ја плати јахтата, туку и редовно одржување кое ќе чини околу 10 000 евра.