Радио Милева
Кој вели дека на естрадата нема пријателства?

Им се поклопија енергиите: Калиопи поради еден гест и поласка на Милица Тодоровиќ: „Уште една причина поради која ја сакам“

Им се поклопија енергиите: Калиопи поради еден гест и поласка на Милица Тодоровиќ: „Уште една причина поради која ја сакам“
фото: принтскрин/инстаграм/калиопи

Калиопи како и повеќето нејзини колешки од музичката сцена речиси една година нема настапи и концерти.

Пандемијата со коронавирусот ја стави на принудена пауза, но пејачката со позитивна енергија се труди да се ослободи од негативните мисли.

И додека траеше пандемијата со коронавирусот, Опи најде начин како да ги забавува своите фанови, следбеници, виртуелни пријатели….

Имено, таа се вклучуваше во живо, пееше со своите обожаватели, разговараше со нив, а виртуелно се дружеше и со некои колеги од српската јавна сцена.

Познато е дека Калиопи е добредојдена каде и да се појави и омилена меѓу своите колеги.

Опи како што милуваат да ја наречат нејзините фанови и блиски пријатели, изминатите денови беше во Белград.

Kога  тргна да си оди назад за Македонија, како што обзнани на социјалните мрежи, една  нејзина колешка станала рано само за да ја испрати.

Станува збор за фолк пејачката Милица Тодоровиќ.

„Пред заминување. Мојата Милица Тодоровиќ стана рано поради мене, да ме испрати….уште причина поради која ја сакам. Белграде, ти се враќам наскоро“, напиша нашата пејачка.

фото: принтскрин/инстаграм/калиопи

Тодоровиќ под заедничката фотографија напиша: „Душа моја“, а Калиопи и возврати со срциња.

фото: принтскрин/инстаграм/калиопи

Инаку, ова не е првпат Калиопи и Милица да се дружат и да се појават заедно. Кога Тодоровиќ беше кума на свадбата на Стеван Анѓелковиќ, таа се појави во друштво на Калиопи.

Кој вели дека на естрадата нема пријателства?

Останати вести од Радио Милева