Радио Милева
корона разделба

Илина на Игор Џамбазов прележа коронавирус: „Гордо ги носам своите пост Ковид брчки“

Илина на Игор Џамбазов прележа коронавирус: „Гордо ги носам своите пост Ковид брчки“
фото: инстаграм/илина арсова

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов ужива во својата емотивна врска со алпинистката, Илина Арсова.

Парот неодамна прослави една година откако се заедно, а отогаш речиси се неразделни.

Тие се активни на социјалните мрежи каде што објавуваат заеднички фотографии, посветувајќи си емотивни пораки еден на друг.

Игор и Илина ја слават првата годишнина: „Ја гушнав и таа гушка се уште трае“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

„Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек. И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот“, изјави Игор во „Бекстејџ“.

Игор Џамбазов откри како ја запознал Илина Арсова: „Сите сакаат да се запознаат со мене, а јас сакам со тебе!“ (ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Изминатите неколку дена, Илина ги помина во Охрид, додека пак Џамбазов беше во Дојран.

Илина на својот „Инстаграм“ постираше неколку фотографии од прекрасниот Охрид додека одмара на плажа и ја пробува водата во Охридското езеро.

фото: инстаграм/илина арсова

Меѓутоа, таа исто така откри дека прележела и коронавирус. Имено, на селфи фотографија таа напиша:

„На крајот, гордо ги носам моите пост Ковид брчки и таа мала тага што доаѓа по нив. Ќе ви кажам повеќе за тоа, само бидете трпеливи …“, напиша Арсова не откривајќи повеќе детали.

фото: инстаграм/илина арсова

Oд друга страна, пак Игор на својот Инстаграм објави фотографија со својата мачка и истакна дека ја чека својата партнерка.

„Чекајќи ја Илина“, напиша.

фото: инстаграм/игор џамбазов

Останати вести од Радио Милева