Македонскиот шоумен Игор Џамбазов оваа 2020та година ќе ја памети по нешто убаво, посебно, или како што вели тој нешто најубаво што можело да му се случи – љубов.
Игор ужива во емотивната врска со неговата партнерка Илина Арсова, а неодамна парот прослави шест месеци љубов.
Од почетокот на нивната врска двојката е отворена, па често на социјалните мрежи објавува заеднички фотографии, а меѓу нивните следбеници тие важат за еден од омилните парови.
Овој пат, Игор и Илина во емисијата „Еден на еден“ првпат заедно се појавија пред камери и зборуваа за нивната љубов, за тоа како се запознале, Џамбазов исто така откри дека напишал нова љубовна песна, дека се чувствува заљубен како тинејџер.

фото: принтскрин/јутуб/еден на еден
Тој откри дека со Илина првпат се запознале пред пет години кога тој бил кај едни пријатели во Охрид и како што раскажува актерот тој слушнал за неа, ја побарал и кажал дека сака да се запознае со неа.
„Јас ја побарав и реков: Сите сакаат да се запознаат со мене, јас сакам да се запознам со тебе. Тогаш имаше пауза, па слушнав: „Може“. И се дружевме три дена“, вели Џамбазов.

фото: принтскрин/јутуб/еден на еден
Партнерката на Игор вели дека не е многу љубоморна.
„Јас не сум од тие најљубоморните жени во светот. И обично не се борам за позиција кога има некој таков, ако гледам дека не сум пожелна си се повлекувам“, вели Арсова.
Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу.