Радио Милева
неверојатно „ефикасно“...

Игор Џамбазов нуди неверојатно решение за животот во карантин и изолација (ВИДЕО)

Игор Џамбазов нуди неверојатно решение за животот во карантин и изолација (ВИДЕО)

Корона кризата сите не затвори дома. Изолација, карантин и живот меѓу четири ѕида, во кој сакале или не, мораме да најдаме начин како нормално да функционираме во ненормални услови. само така ќе купиме доволно време, кое ни е единствениот пријател во оваа ситуација, додека чекаме кулминацијата на заразата да помине, да се потсмири и стиша… Само дома сме сигурни, само така имаме некакви гаранции дека нем ада бидеме едни од од заразените.

А дома како дома, повеќето од нас не се навикнати во толкави количини да го минуваат времето затворени дома со денови, па „принудниот домашен притвор“ и полицискиот час, тешко ни паѓаат.

Сите или барем повеќето сме нервозни, исплашени, загрижени, нерасположени… Ама затоа постојат повеќе решенија, од кои Игор Џамбазов го нуди своето, за кое тврди дека е неверојатно ефикасно.

Секако, со едно предупредување за можните контраиндикации: Ако го побарате Игор после 21 часот, сигурно ќе бидете… уапсени!

Погледнете ја неговата „видео топ шоп пародија“,  која вашата монотонија во домашна изолација, ќе ја разбие со гаранција:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Останати вести од Радио Милева