Радио Милева
Безгрижни воздишки

Игор Џамбазов на нејзиното раме: Таа е докторка, ама тој неа ја натера да дише длабоко… без стетоскоп! (ФОТО)

Игор Џамбазов на нејзиното раме: Таа е докторка, ама тој неа ја натера да дише длабоко… без стетоскоп! (ФОТО)

Промоцијата на својата седма книга по ред насловена „Улица диши длабоко“, македонскиот актер, музичар и шоумен Игор Џамбазов  ја правеше во мезе ресторанот „Вип база“.  Истата беше замислена како неформална дружба со гитарата на Гуру Харе и блузот и поезијата на Џамбазов, а на неа дојдоа  да го удостојат својот пријател и колега голем број актери, музичари, режисери, водители, новинари, јавни лица и голем број негови пријатели.

Меѓу сиот тој убав свет, и една доскорешна „политичарка“, некогашна мисица и манекенка, сега одново модел и секако… стоматолог по диплома. Дамата која со својата елеганцаија блескаше меѓу сите ѕвезди на промоцијата како што е редот, побара на својот примерок од книгата лично тој, маестро Џамбазов Јуниор да и стави своерачен потпис… со посвета, секако!

Стариот џентлмен никогаш не би одбил дама, особено не ваква, па со задоволство прифати да и ја исполни желбата. Мало место во аголот, малку лично посветено внимание и дамата бликаше од задоволство. Можеби е таа лекарка, ама сепак, тој неа ја натера да дише длабоко… и тоа без стетоскоп.

За возврат доби можност да ја спушти својата умна глава на нејзиното раме… За барем на миг, додека трае блицот на камерета, Игор Џамбазов и Викторија Јаначковиќ да дишат заедно… во еден здив! Исто како што се читаат неговите книги!