Радио Милева

Иако трпеше многу навреди од Јелена Карлеуша, Вики Миљковиќ и изрази искрено сочувство за загубата

Иако трпеше многу навреди од Јелена Карлеуша, Вики Миљковиќ и изрази искрено сочувство за загубата
фото:инстаграм/викимиљковиќ

Пејачката Вики Миљковиќ за време за музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, често е во кавга со Јелена Карлеуша, но сепак излезе дека тоа е само поради шоу, а реалниот живот е нешто сосема поинаков за нив двете.

За тажната вест дека Јелена ја изгуби мајка си Дивна, Вики на Инсатграм напиша емотивна порака за познатата водителка на радиото „101“. Сепак, од несреќите се покажува кој ти е „непријател“ во животот, а кој не.

„Во шок сум поради прераното заминување на Дивна, се уште со неверување го прифаќам тоа. Беше личност подготвена да им помогне на другите без никаков интерес. Како водител на познатото радио „101“ имаше наклонетост кон нас младите пејачи кои во 90-тите се појавија на естрадната сцена. На Јелена и целото семејство им изразувам најискрено сочувство по повод прераната загуба – пишува Вики Миљковиќ.