Радио Милева
Таман мислевме толку е...

Иако разделени, Роберт никако не ја испушта од око, па будно го следи секој чекор на Агнеса: „Абе женче, тебе само мажи ти се вртат во главата, мисли малку на ќерките за промена“

Иако разделени, Роберт никако не ја испушта од око, па будно го следи секој чекор на Агнеса: „Абе женче, тебе  само мажи ти се вртат во главата, мисли малку на ќерките за промена“

Сагата за екс дитекторот на АЕК  и неговата „захтевна“ ( се’ уште на хартија) сопруга таман мислевме дека заврши, кога протагонистите не потсетија дека „бурата“ се’ уште не минала. На тоа одвреме-навреме не потсетува и понекоја нова (вон)брачна турболенција. И додека траеше привременото затишје во „разводот“ на годината помеѓу Роберт Орданоски  и Агнеса (сега одново Органџиева), понежната половина откако се спакува и се исели од заедничкиот дом, покрај работните обврски во „АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за РМ“, му се врати на моминскиот живот. И тоа интензивно…

Кафулиња, кафеани, кафиња, ручеци, дружба… како утеха за болната ситуација или надополнување на „изгубеното“ сите претходно изминати години во бракот, сеедно… Мотивот само Агнеса си го знае.

Во меѓувреме „оставениот“ сопруг тврди дека многу повеќе им се посветил на децата. Така барем покажуваат бројните заеднички фотографии на неговиот Фејсбук профил со двете ќерки од прошетките и посетите на различни локации, места, културни збиднувања…Онолку, колку што дозволуваат условите во рамки на протоколите од коронапандемијата.

Агнеса не само што стана популарна по „брачниот бродолом“ па стана интересна за медиумите, туку најде  време дополнително да си ја зголеми популарноста со своите изјави и интервјуа, но не само на тема „брак“!  Нејзината појава влета во модниот фокус на рубриките за убавина, па од пред огледало, Агнеса се пресели пред фотообјективот и за читателите на „Женски магазин“ ги откри и своите тајни ритуали за убавина.

Но, она што е за едната страна инспирација, за другата очигледно е провокација… Па, неможејќи да додржи, „повредениот“ ( се’ уште на хартија) сопруг, чепнат кај што најмногу боли, возврати со свој коментар на социјалните мрежи.

Роберт Орданоски објави статус во кој ја обвини својата поранешна сопруга Агнеса дека „само мажи ѝ се вртат во главата“, алудирајќи на нејзините одговори во интервјуто за „Женски магазин“. Тој подоцна се испишмани и го избриша статусот, арно ама… Интернетот има „долго“ паметење, па некои работи тешко се бришат.

„Абе женче, се’ уште формално не си се развела, тебе само мажите ти се во глава. Многу е важно дали ќе се сетат на парфемот кој си го користела во дружбата со нив. Мисли малку на ќерките , за промена“ – и порача Роберт на својата „одметната сопруга“ во својот коментар. Набргу потоа сфатил дека „избрзал или претерал“ или… што и да е, па се премислил и ја избришал напишаната порака.

Брачната двојка која барем според кажаното е во фаза на развод, и стана позната на пошироката јавност по скандалозните препукувања на социјалните мрежи поради нивните брачни несогласувања, а сагата на „Ор(даноски) – Ор(ганџиева)“ очигледно не е завршена. А, таман мислевме толку е…!?

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/Robert Bobi Ordanoski/agnesaorgandzieva

 

Останати вести од Радио Милева