Радио Милева

Иако е настегана и во чизми кои тој ги нарекува дека се поделени од синдикат, Сергеј за оваа македонска пејачка има само пофалби (видео)

Иако е настегана и во чизми кои тој ги нарекува дека се поделени од синдикат, Сергеј за оваа македонска пејачка има само пофалби (видео)
фото:принтскрин/инстаграм/јутјуб/1тв

Ретко која позната македонска личност кога е модниот израз во прашање, добива пофални зборови од Сергеј Варошлија во неговата емисија „Мода“ . Негативните критики ретко која досега му ги прифати, а не е тајна дека од некои доби и судска тужба.

Познавачите на модата пак, би кажеле дека секој коментар на Варошлија е на место, но за повеќето конструктивната модна критика е неприфатлива. Исклучоци за пофалба од јавните личности кај Сергеј во емисија има, а најчесто се за : Каролина Гочева, Лила Филиповска, Миа Костова, но и младата пејачка Теа Трајковска која досега неколкупати ја посочи како пример.

 

View this post on Instagram

 

#KojaSumJas loading…. #makingof #newvideo #soon 🎥🎶

A post shared by Thea Trajkovska (@theatrajkovska) on


Теа деновиве работи на нов видео спот, а фотографиите од снимањето ги постави на својот Инсатграм профил, од каде Сергеј се послужи со една фотографија за која имаше само пофалби, иако таа носеше парчиња кои нему досега не му беа омилени.

Имено, Теа носи црно мини и чизми над колена кои тој ги нарекува дека ги имаат и носат сите, па изгледа како да им ги поделиле од синдикат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thea Trajkovska (@theatrajkovska) on


Сепак, тој појаснува дека на Теа истите прилегаат одлично, бидејќи има витка фигура и одлично ги искомбинирала во модната комбинација.

Е сега, многумина нема да го разберат, но лекцијата која треба да се сфати е дека не секому прилега некое модно парче и дека конформизмот и слепото следење на трендовите се причинителите за модни катастрофи.

фото/видео:инсатграм/јутјуб 1ТВ