Радио Милева

И Тамара Тодевска се разголи на жешките температури, а нејзините гради “скокаат“ во бикинито (фото)

И Тамара Тодевска се разголи на жешките температури, а нејзините гради “скокаат“ во бикинито (фото)
фото: мартин трајановски

Македонската пејачка Тамара Тодевска изминатите неколку месеци додека трае пандемијата со коронавирусот ги поминува заедно со своето семејство, односно сопругот Александар и децата Хана и Дарен.

Таа често е на релација Скопје – Гевгелија каде го поминува времето со најблиските и ужива во секој слободен момент бидејќи моментално нема настапи поради короната.

Иако пандемијата ни спречи да заминеме на некоја егзотична дестинација и да ги полниме батериите како претходните лета, таа не ги спречи познатите да се соблечат во бикини и да уживаат на некоја плажа на домашен терен.

Тамара е доста активна на социјалните мрежи и редовно ги известува фановите за нејзините активности, како го поминува времето, каде се наоѓа…

фото: принтскрин/инстаграм

Откако одреден период помина во Гевгелија или во својот стан во Скопје, пејачката сега ги полни батериите на плажа под зраците на сонцето.

На социјалните мрежи ги почести фановите со фотографи во бикини.

Имено, во кусите приказни, таа сподели селфи во огледало, а на објавата позира во бикини и бела наметка истакнувајќи ги своите обилини.

фото: Принтскрин/инстаграм.тамаратодевска

Додека пак на другата објава, пејачката позира заедно со Хана како се враќаат во плажа и се снимаат додека одат, а во објава и во прв план се градите на пејачката кои „скокаат“ од бикинито.

Како и да е, ќе се сложите дека Тодевска изгледа во топ форма и ужива во својата „Слобода“ бидејќи „слобода е во мода“ како што вели таа во нејзината нова песна „Слобода“.

Останати вести од Радио Милева