Радио Милева
празници се ближат

И таа се приклучи во низата на познати кои ја покажаа новогодишната елка: Погледнете како изгледа празничниот амбиент во домот на Хелена Роза во Нов Зеланд

И таа се приклучи во низата на познати кои ја покажаа новогодишната елка: Погледнете како изгледа празничниот амбиент во домот на Хелена Роза во Нов Зеланд
фото: принтскрин/инстаграм/хелена роза

Некогашната македонска водителка Хелена Роза веќе неколку години живее и работи во Нов Зеланд.

Иако не е активна на ТВ екраните, Хелена е активна на социјалните мрежи каде што постојано објавува и ги известува следбениците за нејзините активности.

Наскоро наближува Нова година, а познатите преку профилите на Инстаграм покажааа како изгледа нивниот дом за престојните празници.

Елена Стефановска, Димитар и Сара, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лила Филиповска се само некои од нашите јавни личности кои покажаа како го накитиле домот.

Деновиве, на нив им се придружи Хелена Роза која покажа како изгледа новогодишната елка во нејзиниот дом во Нов Зеланд.

На новогодишното дрво може да се забележат лампиони во сива, сина и бела боја, како и сива лента, а на врвот на елката се наоѓа ѕвезда.

фото: принтскрин/инстаграм/хелена роза

фото: принтскрин/инстаграм/хелена роза

Под елката може да се забелажат и украсни ќеси во кои најверојатно има подароци, па дефинитивно, некогашната македонската водителка е подготвена за најлудата ноќ.

Останати вести од Радио Милева