Радио Милева

„И реков на Александра да се грижи за детето“: Лепа Брена со хит совет до снаата Пријовиќ

„И реков на Александра да се грижи за детето“: Лепа Брена со хит совет до снаата Пријовиќ
фото: драгана удовичиќ

Лепа Брена откри дека не е искусна во кујна, но и дека нејзиниот сопург Боба Живојиновиќ многу добро готви, па откри каков совет и дала на Пријовиќ.

Пејачката објасни дека не сака многу да се фали, ниту дека не сака многу да готви.

„Мајка ми ме научи dа готвам, тоа ми беше како обврска. Како мали правевме леб и се друго што може да се направи од тесто. Исто така научив да везам, да платам, да бојадисувам. Одевме на село кај пријатели и беревме јагоди, а потоа учевме како да правиме џем…Се тоа моравме да знаеме. Меѓутоа, јас то го научив, но сега можам да платам за да не го правам тоа. Додека сум жива ќе имам тоа да го платам. Мислам дека постојат многу подобри домаќинки од мене, Мислам дека е подобро да платам готвачка која одлично ќе готви, него да губам време на нешто што ќе се изеде за половина час, па потоа чао – пријатно“ вели Брена, а на прашањето дали после ова се плаши на осуди, пејачката вели:

фото: драгана удовичиќ

„Не знам, мислам дека не треба да бидам најдобра и  да се правам перфектно. Иако како тинејџерка почнав да шијам бидејќи мајка ми беше професионална кројачка.Животот ме однесе на друга страна и мислам дека треба да бидам посветена на работата и на тоа што сакам да го правам. Пример, јас знам да бојадисувам, но не значи дека треба да го правам тоа. Еднаш правев ајвар во дворот, но нема никогаш повеќе да го правам тоа, многу е напорно. Исто ја советувам Александра да не движи многу во кујната туку да се грижи за детето. Годините поминуваат, а спомените со растењето на деето остануваат“ вели Брена.

фото: соња спасиќ

Инаку, сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ е познат по тоа што знае одлично да готви.