Радио Милева
не бира кого...

И принцот Чарлс е позитивен на тестот за коронавирус

И принцот Чарлс е позитивен на тестот за коронавирус

Принцот Чарлс е позитивен на коронавирус. Неговата сопруга Камила е негативна по извршеното тестирање.

Принцот од Велс (71) се наоѓа во домашна изолација во дворецот во Шкотска.

„Принцот од Велс е позитивен на коронавирус. Тој имаше полесни симптоми, но е со добро здравје и работеше како и обично изминативе денови. Камила е исто така тестирана и таа го нема вирусот. Со координација од владата и советите од лекарите, принцот и војвотката се во самоизолација“ – истакнал портпаролот на кралската резиденција во Лондон.

Останати вести од Радио Милева