Радио Милева
кој сркал, кој го кркал...

И Игор Џамбазов не остана имун на „Рекет“, па со една наша стара народна (им) прати скриена порака (ВИДЕО)

И Игор Џамбазов не остана имун на „Рекет“, па со една наша стара народна (им) прати скриена порака (ВИДЕО)

Македонскиот шоумен колку и да живее надвор од урбаната средина, менувајќи го живеалиштето на разни необични места, најчесто рурални или во природа, сепак очигледно е добро информиран за се’ што ни се случува.

Иако конкретно не потенцираше кому му ја упатува утринската порака, извлечена од неколку македонски стари народни поговрки кои Џамбазов ги сублимирал во неа, очигледно е дека она што го изрецитира во своето видео споделено на Инстаграм, ќе стигне на вистинската адреса. А и на адресата на секој од нас! Не кажа на кого мисли, ама очигледно и Џамбаз не остал имун на „Рекет“… аферата!

Не дека она што го кажува Џамбаз  е нешто ново и непознато, ама за жал на поуката ни текнува најчесто отпсле, кога е веќе доцна. А, како што е познато, после „баење“ нема каење!

И додека едни имаат време за размислување меѓу четири ѕида, други гризат нокти, стрепејќи дека не само што можеби се следни, туку сосе нив ќе отиде и империјата, трети гледајќи ја и чудејќи се на мизеријата, треба самите да си извлечат поука од оваа видеопорака на Џамбазов! Да не случајно им падне на ум нешто слично!

Затоа Македонијо, погледнете и слушнете што има Џамбазов да ви каже, уште рано посабајле…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on


 

Останати вести од Радио Милева