Радио Милева
короната не ја заобиколи

И Александра Пријовиќ прележа корона, па откри со какви последици со соочува: „Помина еден месец, а немам ни мирис, ни вкус“

И Александра Пријовиќ прележа корона, па откри со какви последици со соочува: „Помина еден месец, а немам ни мирис, ни вкус“
фото: Принтскрин/инстаграм/александра пријовиќ

Пејачката Александра Пријовиќ проговори за борбата со корнавирусот, сопругот Филип, но и синот Александар.

Пријовиќ откри дека неодамна прележала корона, но дека се уште не и  се вратило сетилото за вкус и мирис.

„Имав болка во синусите, ми исчезна сетилото за вкус и мирис. Помина еден месец, но не ми се вратија ни вкусот ни мирисиот, слушнав дека не се враќа и по еден месец. Меѓутоа, полека сега се враќа“ изјави Пријовиќ во емисијата „Премиера викенд специјал“.

Таа проговори и за нејзиниот однос со синот Александар и откри дека е „љубоморна“ што тој сака повеќе време да поминува со татко му.

фото: Принтскрин/инстаграм/александра пријовиќ

„Мени ми беше супер со синчето. Јас бев навикната да патувам, но ќе ми биде тешко да се вратам на тоа. Тој е копија на татко му, јас не можам да верувам дека толку многу личи на него. Тврдоглав е на мене. Поврзан е со двајцата, но сега наиде на таков период да сака повеќе да е со татко му. Па, ќе го фати период да сака само со мене. Често сме тука, иако Филип повеќе е зафатен, па кога тој ќе дојде, јас одам. Љ       убоморна сум. Мислев дека синовите повеќе се поврзани со нивните мајки, но не е таков случајот со мене. Ќе мора да родам ќерка. Не е во план, но би сакала. Тој е активно дете, гледам да одиме во игротеки, да шетаме, да не биде дома. Тој имаше температура, веднаш помислив дека е Ковид, па направивме крвна слика, па ЦРП-то му беше малку големо, изгледа имаше воспаление, многу се исплашив, но за среќа не беше ништо“, вели Александра.

Пејачката откри дека и значат советите на Филип, но и што научила од целата ситуација.

фото: Принтскрин/инстаграм/александра пријовиќ

„Тој е стабилна личност, постар е од мене 10 години и многу работи ме научи. Секогаш велам „здрајвето е најважно“, но кога живеете под полн гас не мислите така. Сега се тоа е на прво место. Порано кога одев кај баба ми и дедо ми, мислев каде ќе ги водам, што ќе им купам, а сега кога одам кај нив се грижам да не сум заразена“, вели пејачката.

Потсетуваме, Александра и Филип од бракот го имаат синот Александар кој оваа година ќе наполни две години.

Останати вести од Радио Милева