Радио Милева
роденденски честитки

Хурем Султан ја покажа новородената ќерка, а конечно и таткото на девојчето?!

Хурем Султан ја покажа новородената ќерка, а конечно и таткото на девојчето?!

Турската актерка Мерјем Узерли, кај нас позната по улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, на 8 јануари го роди своето второ дете, Лили Кои, а сега ја сподели и првата фотографија од ќерката.

Меѓутоа, она што сите ги заинтригира е одговорот на прашањето: Кој е таткото на втората ќерка? Турската актерка сѐ уште одбива да го открие идентитетот на таткото на втората ќерка, но изјави дека живеат заедно и дека е среќно вљубена.

Меријам објави фотографија на која позира со малата Лили, но и со постарата ќерка Лара, која има седум години. Мерјем ја доби Лара во врската со бизнисменот Кан Атеш, но додека беше бремена, таа одлучи да го напушти и да биде самохрана мајка, бидејќи тој ја принудувал на абортус.

Тоа бил многу тежок период за неа, а проблемите на приватно поле влијаеа и на нејзината кариера.

„Во Анталија освоив награда за глума, и таа вечер се обидов да се убијам. Отидов во хотелска соба и фрлив статуа, кршејќи ја, бев целосно луда и ги исеков рацете, крвта беше насекаде. Сакав да се фрлам од балконот затоа што го видов единствениот излез од тоа. Сакав да исчезнам, да ме нема, да умрам. Го видов спасот во смртта. Бев многу лошо психички“ – призна таа во една прилика.

Затоа, пак, сега на фотографиите што ги објави од седмиот роденден на ќерката Лара, се појавува машки лик, поради што многумина тврдат дека тој е нејзиниот партнер, односно таткото на новородената ќерка Лили Кои.

„Среќен роденден на мојата Лара. 7 години! Лили, мама и тато те сакаат многу!“ – напиша Мерјем под фотографиите.

Останати вести од Радио Милева