Радио Милева

Храбар и директен: Стефан Величковски би ја „смувал“ Карлеуша! (видео)

Храбар и директен: Стефан Величковски би ја „смувал“ Карлеуша! (видео)
фото:принтскрин/јутјуб

Еден од македонските натпреварувачи во „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски, одговараше на прашањата за „Лутајуќа камера“, кои зад сцената на шоуто правеа свое шоу.

Имено, неколку од финалистите добија интересни прашања во врска со бракот, мажачката или женачката, прва песна за валцер на свадба и слично… Но Величковски освен тоа го прашаа и дали би ја „смувал“ Јелена Карлеуша, на што тој одговара без многу размислување:

Зошто да не! Па.. Кога би се напиле некое кафе, можеби!-храбро вели Стефан.

фото:принтскрин/јутјуб/лутајуќакамера

А во коментар од екипата зад камерата се пошегуваа: „Ќе добиеш ти ќотек од Тошиќ!“

Од Тошиќ или Јелена не знаеме, но како ќе се покаже во четвртиот круг за кој вели дека влегол, иако доби само два гласа во дуел со Филип Пецосски- останува да видиме. Веројатно Вики го употреби својот златен глас, а што и како се случило ќе дознаеме во наредните изданија на „Ѕвездите на Гранд“.

Останати вести од Радио Милева