Радио Милева
за куќа или подобар живот?

Хонорарите во култната серија „Подобар живот“ биле толкави што Лидија Вукиќевиќ си купила куќа: Колку заработеа нашите актери од „Преспав“?

Хонорарите во култната серија „Подобар живот“ биле толкави што Лидија Вукиќевиќ си купила куќа: Колку заработеа нашите актери од „Преспав“?

Серијата „Подобар живот“ премиерно се прикажуваше на домашните телевизии во периодот од 1987 до 1991 година, а бројни репризни изданија го обезбедија култниот статус.
Во последното интервју, Лидија Вукиќевиќ, која го играше ликот на тогаш младата Виолета Попадиќ, откри колку пари можеле да се заработат од овој проект.

„Се сеќавам на сè како да беше вчера. Многу ми е драго што гледам дека серијалот сè уште се гледа денес, како и фактот дека на помладите генерации им се допаѓа.
Јас ја купив мојата куќа во Голубац од хонорарот што ги заработив на снимањето на оваа серија.Тоа беше совет на мајка ми, која ми кажа дека немам постојана работа и плата, така што ова е најдобриот начин да се осигурам и се радувам што ја послушав“ – ќе изјави  страктивната актерка за „Ало!“

Македонските актери кои играат во една вака популарна ТВ серија, како што е во последно време „Преспав“ да речеме, своите хонорари не ги кажуваат. Нивната зароботка останува во доменот на „деловна тајна“ на продукцијата.

„Преспав“ е прва серија што е одржлива. Пред МРТВ да влезе како партнер на проектот, втората сезона на „Преспав“ беше комплетно економски исплатлива, така што „Преспав“ покажа дека кај нас има простор на комерцијална основа да се работат добри телевизиски проекти“ – ќе изјави во едно свое интервју во 2020 год. за порталот „Опсервер“ продуцентот на серијата Пеце Талески,  потенцирајќи дека успехот на „Преспав“ се должи на мултиталентираните актери, при тоа без да спомене колку нивниот мултиталент е валоризиран… во пари, секако!

Иако, барем според посочената „исплатливост и самоодржливост“ на проектот, веројатно и нашите како и српските актери, можеби не баш за куќа, ама сепак, добро заработиле… Ако не за друго, барем за… „подобар живот“!

Останати вести од Радио Милева