Радио Милева
прво па...

Холивудската оскаровка стана мајка за првпат, а полот на бебето се’ уште е непозант?! (фото)

Холивудската оскаровка стана мајка за првпат, а полот на бебето се’ уште е непозант?! (фото)
фото:профимедиа

Славнатан холивудска актерка Ема Стоун на своја 32 годишна возраст за првпат се оствари во улогата на мајка во бракот со Дејв Мекери, но засега не го откриваат полот на детето.

Оскаровката стапи во брак со Мекери во септември минатата година, а во врска се од октомври 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Stone (@emmastone)

Парот својата приватност ја чува далеку од очите на јавноста, а ретко објавуваат и заеднички фотографии.

За потсетување, Ема Стоун во 2017 година е прогласена за најплатена актерка во Холивуд. Улогата во филмот „La La Land“ ѝ донесе голема популарност и заработка поголема од 20 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Stone Fan Page (@emmastoneoffl)

Сепак, Стоун ретко зборува за своите проблеми кои започнале кога имала само 7 години. Како мала се борела со психички проблеми и панични напади, поради што морала да посетува психијатар.

„Бев многу, многу тажно дете и имав многу панични напади. Терапијата ми беше од голема корист, започнав да посетувам психијатар кога имав 7 години. Подоцна актерството и импровизацијата многу ми помогнаа“, рекла таа, гостувајќи во една емисија.

Останати вести од Радио Милева