Радио Милева

Холивудската актерка на 70 години за првпат ќе стане баба

Холивудската актерка на 70 години за првпат ќе стане баба

Познатата актерка во септември прослави 40 години брак, а сега има уште една причина за славење.

Мерил Стрип заедно со нејзиниот сопруг прославија 40 години брак,  а сега има уште една причина за радост.

Имено, ќе стане баба во седмата деценија од животот.

Мерил и нејзиниот сопруг имаат четири деца, три ќерки и син, а нејзината најстара ќерка е бремена.

Откако дознала дека е бремена, ќерката на познатата актерка беше запросена во август.

foto: profimedia

„Сите се возбудени поради приновата. Двајцата се заљубени до уши“  вели извор близок на семејството.

ПР службата на семејството потврди дека Мерил ќе стане баба.