Радио Милева

Хит видео: Јелена Розга падна на снимањето на новиот видео запис, а еве ја нејзината рекација (видео)

Хит видео: Јелена Розга падна на снимањето на новиот видео запис, а еве ја нејзината рекација (видео)
foto; printscreen/instagram

Пред неколку дена, хрватската поп пејачка Јелена Розга ја издаде својата нова песна и видео запис „Мојата пролет“ ( Moje proljece).

Песната има одличен фидбек кај публиката и за само две дена има повеќе од 2 милиони прегледи на „Јутуб“.

Текстот на песната го напиша Емина Јаховиќ, а за видео записот се погрижи нејзиниот стар соработник со својата екипа, режисерот Дарио Радушин.

Спотот е снимен во шума на снег, а пејачката на социјалните мрежи покажа една мала непријатност која им се случила додека го снимале спотот.

Имено, Розга паднала додека снимала еден кадар на кој трча. На оваа ситуација таа слатко се насмеа, стана и продолжи со снимањето.

Како изгледаше тоа, погледнете во видеото.

 

View this post on Instagram

 

Dalmatinka na snijegu 😂😂 #mojeproljece #videoshooting by @dario.radusin #jelenarozga

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial) on