Радио Милева

Хит фото: Принц со отворена уста спие среде проба на „Макфест“

Хит фото: Принц со отворена уста спие среде проба на „Макфест“
фото:фејсбук/александар ристовски принц

Познатиот македонски музичар Александар Ристовски Принц беше еден од повратниците на „Макфест 2019“ , а на сцената заедно со Дексо настапија со песната „Фанк“ која е комплетно авторско дело на Принц.

Бидејќи влегоа во финалето кое се случи изминатата сабота, Дексо и Принц останаа во Штип, па имаа време за прошетки, дружби, проби за финале ама и за слатка дремка и во сала.

фото:томи трајчев/макфест/фејсбук

Времето додека чекаше, Принц го искористи да дремне и тоа квалитетно, со отворена уста.

фото:фејсбук/александар ристовски принц

Овој момент не го пропуштија тамошните навидум „папараци“ и сеирџии, а Принц оригинален како и секогаш, фотографиите откако ги виде, ги сподели на својот Фејсбук профил по што следеа лавина од лајкови и коментари.

фото:фејсбук/александар ристовски принц

Некои му порачаа дека заинтересираноста му е иста како во парламент, а во еден од коментарите се појави уште една фотографија на која Принц спие во музичка продавица, па и самиот духовито одговори и си призна дека спие каде стигне.

фото:фејсбук/александар ристовски принц

Инаку, Дексо и Принц на 34-то издание на „Макфест“ во финалната табела завршија на 9-та позиција, а ако Пирнц си дремнал и за време на резултатите, тука беше Дексо за подоцна да му каже!

Останати вести од Радио Милева