Радио Милева
страв наместо среќа

Хари и Меган Маркл завршија во полиција: Паника во паркот на принцот (ФОТО)

Хари и Меган Маркл завршија во полиција: Паника во паркот на принцот (ФОТО)

Принцот Хари и Меган Маркл завршија во полициската станица. Ситуацијата во која се најдоа многу ги загрижи, па решија да им се обратат за помош на властите.

Имено, Меган Маркл и Хари живеат со малата Арчи во луксузна вила во Мулибу, далеку од кралскиот двор. Сепак, се чини дека нивното чувство на среќа заради слободата што тие ја уживаат во последно време е заменето со страв. Поранешната кралска двојка, наводно, живее во паника откако забележале беспилотни летала што летаат околу нивната куќа.
Беспилотните летала летале на височина од само шест метри и биле забележани најмалку пет пати за еден месец, па затоа тие ја повикале полицијата. Иако најверојатно дроновите се управувани од папараците, тие се плашат дека терористички групи би можеле да се кријат зад сèто ова, заради некаква политичка или верска одмазда или едноставно киднапирање заради голем откуп.

Како што наводно им кажале на пријателите, откако повикале полиција, тие ќе ангажираат и приватно обезбедување.

„Тие постојано ги гледаат тие беспилотни летала како летаат и претпоставуваат дека ги контролираат фотографите, но не се сигурни. Меган добила закани со смрт кога се омажила, па се плашат од терористи и радикали. Луѓето забораваат дека и тие се обични луѓе, вистинско семејство. Не сакаат посебен третман, само за да се чувствуваат безбедно и приватноста во нивниот дом да се почитува“ – открил пријател за странските медиуми.

Останати вести од Радио Милева